valeee.jpg

Валентина Ѓоргиевска

journalist
Impact net

Bilateral Meetings

  • Monday 13:00 - 14:30
DescriptionФОНДАЦИЈА ИМПАКТ НЕТ - лидери во мисија за мир, слобода и просперитет Фондацијата Импакт Нет - лидери во мисија за мир, слобода и просперитет својата работа во Македонија ја започна во 2003 г. првенствено дејствувајќи на полето на едукација и промоција на здрав и позитивен имиџ и превенција од зависности. Следејќи ги светските трендови и приоритети во 2017 г. фондацијата постави нови цели и мисија на дејство вклучувајќи се во Глобалните цели на ООН. Своето повеќегодишно искуство и богата лепеза на домашни и меѓународни активности во граѓанскиот сектор го надгради со имплементација на низа мерки за оддржливост преку дејности во бизнис секторот. Фокусот на нови дејности е ставен на: - Едукација и промоција на вредностите на мирот и мирот како императив; потребата од негово изградување и оддржливост. Влијание за мирно решавање на конфликтите и изградба на генерации вљубеници во мировното општество. - Едукација за примена на ненасилни методи и примена на зборот и дијалогот како основа на мирот, слободата и благосостојбата. - Изградба на лидери миротворци поборници за слобода кои дејствуваат преку мирољубиви особини и изградуваат мирољубиви односи со членовите на семејството, на локално, национално и меѓународно ниво и кои го промовираат мирот, потребата од слобода и дејствувањето за просперитет. Само човек во мир и слобода, ја спознава љубовта во себе, затоа што мирот и слободата му овозможуваат јасен ум, чисто срце и спокој во душата. - Развој на активности за изградба на оддржливи ресурси за просперитетен живот со услови за одговорен, комфортен, здрав и безбеден живот. Постојано подобрување на благосостојбата во заедницата и влијание за позитивни промени. - Посебен фокус ќе биде ставен на изградба на млади лидери кои ќе работат за благосостојба и просперитет наспроти сиромаштија. Млади кои ќе креираат одржливи економски и општествени мерки и креирање и имплементација на зелени политики како и изградба на силни демократски институции и спроведување на правда. - Имплементација на правото да го избереш она што сакаш да го избереш бидејќи така си одлучил да избереш со позитивно влијание за развој на благородниот идеал за слобода како самоконтрола и себереализација. Посебен фокус ќе биде ставен на слобода на мисла и говор, слобода на движење, слобода на медиуми. ИСТОРИЈАТ Фондацијата Импакт Нет во 2003 г. започна да дејствува по програма на Фондацијата Марита од Норвешка и под името Фондација Марита МК, а по програма за едукација, промоција на здрав и позитивен имиџ и превенција од зависности. Работата на Фондацијата Марита е почитувана од Владата на Кралството Норвешка и со нејзина поддршка и со поддршка од Фондацијата Њу Старт и Ост, Фондацијата Нетворк Мисија од Осло и Претседателот на Република Македонија г-дин Борис Трајковски, беше отворена поддружница во Република Македонија под името Марита МК, а од декември 2005 г. Марита МК прерасна во домашна Фондација. Фондацијата Марита за едукација, промоција на здрав и позитивен имиџ и превенција од зависности е меѓународна мрежа на организации. Својата работа ја има започнато во 1984 г. во Норвешка. Пораката што ја пренесува преку своето функционирање за превенција од зависности има стигнато до повеќе од милион млади ширум Европа. Првичните цели ги остваруваше преку: - Едукација за превенција од дрога и други зависности, ХИВ и промоција на здрав и позитивен имиџ кај младите преку издавање на брошури и електронски гласила; - Посети на училишта и младински центри и оддржување на обуки во истите; - Реализација на низа проектни активности за развој на волонтерството и корисно потполнување на слободното време на младите и развој на неформално образование и директна имплементација на развојни проекти за просперитет како и - организирање на семинари на кои ќе се укажува на превенција и штетните последици од користење на дрога и изградба на млади лидери и промотори на здрав и позитивен имиџ. Во периодот од 2004 до 2009 Марита Македонија покажа оддлични резултати во полето на превенција од дрога и зависности, оддржувајќи над 250 превенции/предавања во над 130 училишта и младински центри во 34 општини, каде над 36 000 млади ја слушнаа пораката ПРЕСТАНИ ПРЕД ДА ПОЧНЕШ од уникатната програма на Марита во која учествуваат лица поранешни зависници. Пораката во себе соддржи повик дека подобро е младите никогаш да не почнат со експериментирање со дроги, отколку да се стори тоа и потоа да се бара излез. Од 2006 до 2015 г. во рамки на Фондацијата функционираше и волонтерска канцеларија која ја раководеше Детскиот и младински парламент на Македонија - Велес преку која се оддржаа на 50-тина обуки за млади лидери и промотори на здрав и п о з и т и в е н и м и џ з а м л а д и . Канцеларијата в о 2007 г . беше акредитирана за инволвирање во европските програми з а млади волонтери во ЕУ и реализираше младинска инфо интернет страница и печатење н а гласило в о 6 0 0 0 примероци, како и испраќање и п р и м а њ е н а в о л о н т е р и п р е к у програмата Млади за млади на ЕУ. Преку оваа програма над 150 млади од Македонија беа испратени на низа обуки во над 20-тина држави во Европа и Светот. На полето на промоција на здрави животни стилови Фондацијата Марита од 2008 до 2012 г. ги реализираше програмските проекти: ОТВОРЕНО ДРУШТВО и МЛАДИ ЗА МЛАДИ - финансирани од Агенцијата за млади и спорт на Македонија, Форум Сид, Скопска Пивара и Швајцарската амбасада во Република Македонија. Преку двете програми беа обучени на 450 млади волонтери од Велес, Скопје, Радовиш, Струга, Штип, Струмица и Шуто Оризари и беше реализирана младинска волонтерска канцеларија која беше и логистичка и менаџерска поддршка на низа млади музички таленти. Се оствари реализација на повеќе ТВ емисии и снимање на првата химна и спот за превенција од дрога и зависности со наслов Престани пред да почнеш преку специјално формираниот бенд - O Boys. Се формираше клубот на музички и новинарски амбасадори - промотори на здрав и позитивен имиџ. Фондацијата Марита активно беше инволвирана во процесот на креирање на Национална стратегија за дроги во Македонија, во процесот на креирање на Локален акционен план за соработка со НВО-ии и во процесот на креирање на Национална стратегија за образование на Македонија. Беше дел од реализацијата на проекти и работилници одржани со ОБСЕ и со Локалните Самоуправи на Велес, Штип, Радовиш и Градот Скопјеи на тема борба против дрогата и криминалот. Со поддршка на Министерството за животна средина на Република Македонија од 2011 до 2013 г. се реализираше проектот Млади за зелени општини со цел зголемување на еколошката свест кај младите и промоција на Велес како прва општина каде се оствари Зелена Револуција. Фондацијата заедно со Детскиот Парламент на Македонија - Велес во име на децата и младите од Велес додели признание, благодарност и зелени панделки на Зелените невладини организации предводници на Зелената Еко Револуција, на градоначалниците Аце Коцевски и Горан Петров, на новинарите и на политичките субјекти кои допринесоа во В е л е с д а с е з а т в о р и Топилницата - која беше со децении најголем загадувач н а животната средина , труејќи и уништувајќи ги здравјето и животите на низа луѓе. Од реализираните соработки со поединци, пријатели на фондацијата од Норвешка и од проект активности од проектите Престани пред да почнеш и Отворено друштво - финансирани од Владата на Кралството Норвешка , Фондацијата Њу Старт и Ос, Фондацијата Нетворк мисија од Норвешка и Швајцарската амбасада во Република Македонија произлегоа 6 осамостоени програми кои успешно функционираат и ден денес. - Првата осамостоена програма е основање на НВО - Избери живот и Центар за рехабилитација и ресоцијализација на лица - зависници од дрога во Штип, финансиран од Фондацијата Њу Старт и Ост од Норвешка. - Втората осамостоена програма е Едукативен центар Филео во Шуто Оризари во кој деца и млади изучуваат англиски јазик, работа на компутери и во кој функционира Музичко училиште за дувачки инструменти Friendship through the music / Пријателство преку музика во реализација со Музичката академија од Скопје, финансиран од Фондацијата Њу старт и Ост и Sissel Grhondhal. § - Третата осамостоена програма е центарот за социјализација и бизнис на лица со оштетен слух и говор Талант кој неколку години функционираше во склоп на Меѓународната фондација Борис Трајковски, а потоа како самостојна организација и компанија, а финансирани од Фондацијата Нетворк мисија и пријатели поддржувачи од Норвешка и Америка. - Четвртата осамостоена програма е формирање на Заедништвото Нетворк мисија која ги промовира христијанските вредности и Евангелието како и значењето на Македонија како прва држава - мајка на Христијанството во Европа и една од државите на првите Цркви во Светот, изградувајќи тесна соработка со државите од регионот на Балканот, Блискиот Исток, Норвешка, Германија, С.А.Д, Бразил, Белгија, Шведска и Израел. - Петата осамостоена програма беше микрокредитна програма преку која беа доделени кредити за стартап бизниси и преку која беа отворени 10тина компании во Македонија (во Велес, Штип, Скопје, Струга) за млади претприемачи. Преку истата програма фондацијата отвори и две сопствени компании за самоодржливост Good Caffee и Scandinavian Priority со што се вброи меѓу првите граѓански организации што формираа фирми за самоодржливост. - Шестата осамостоена програма е програмата за туризам и извоз на Македонски производи преку изградување на блиска бизнис соработка со неколку винарии и хотели во Македонија. Преку оваа програма во периодот од 2004 до 2017 г. во Македонија се донесоа над 2000 гости туристи и бизнис соработници од Норвешка, Бразил, Шведска, Германија и С.А.Д на кои им се презентираа културното и природното богатството на Македонија и можностите за низа нови проекти и бизнис дејности. Во 2016 г. Фондацијата Марита оствари низа бизнис соработки и консултации со НВО-ии и поединци и постави нови стратешки планирања и поставување на нови насоки.
Organization Type Other,
Phone+38978815096
CountryMacedonia
CityСкопје, Пехчевска 3/33 Google map